Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност

Утре, 12 март 2021 година, петок, со почеток во 13:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи единаесеттата редовна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Седницата ќе се одржи со единствена точка на дневен ред: Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.
По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, од страна на прес службата на Кабинетот на Претседателот ќе бидат дистрибуирани соопштение, инсерти и фотографии од седницата.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК