Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Студен бран со ветер, дожд и снег низ Македонија

Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Прогноза за 14.03.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец

Прогноза за 15.03.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 16.03.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Променливо облачно со умерен, вдолж Повардарието силен ветер (над 65 км/час) од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК