Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нов извештај на Фридом Хаус: Слободата во светот 2021

Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата, и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година.

Во извештајот на Фридом Хаус „Слободата во светот“, годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени, што е за три поени напредок од лани.

Фридом Хаус се повикува на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, и дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.

Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со констатација дека дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи.

Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година.

„Фридом Хаус“ нотира дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите, но се говори и за тоа дека новинарите работат во услови на политички притисок и дека медиумскиот простор во земјата е поларизиран и дека дел од приватните медиуми се поврзани со центри на политички и бизнис интереси.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +