4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Шилегов: Како Градоначалник на Скопје, покажував и ќе покажувам политичка волја за ревитализација на СРЦ Треска

Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов:

Како Градоначалник на Скопје, покажував и ќе покажувам политичка волја за ревитализација на СРЦ Треска, изграден со самопридонес на скопјани, но по 2016 година Град Скопје има ограничен делокруг на дејствување, кој зависи од политичката волја на Општина Сарај (која доби сопственост на објектите на СРЦ Треска) и на државата (која е сопственик на земјиштето, со кое управува владата).

Сепак, чувствувам должност да ја информирам јавноста дека од градската каса веќе не се фрлаат во вода стотици илјади евра за СРЦ Треска и за градски плажи, како во времето на мојот претходник Коце Трајановски.

Имено, во 2011 година за изработка на елаборат за СРЦ Треска е склучен договор врз основа на кој се исплатени 351.640,00 денари, а во 2013 година е склучен договор за изработка на физибилити студија „за оправданост на договор за ЈПП за реконструкција и одржување на СРЦ Езеро Треска“, врз основа на кој се исплатени 1.168.200,00 денари.

Покрај тоа, за одржување на зеленило покрај езерото во кое беше забрането капење, Град Скопје во 2012 година потрошил 14.300.207 денари, во 2013 – 9.438.397, во 2014 – 9.253.667, во 2015 – 9.476.684, во 2016 6.150.349, или за 5 години над 48.6 милиони денари или околу 800 илјади евра!

Ако на овие потрошени суми за плажи на кои беше забрането капење, се додадат и сумите кои Коце Трајановски ги потроши за опремување на градските скопски плажи од околу 300 илјади евра (над 18.5 милиони денари) – добиваме вртоглава сума од над милион и 100 илјади евра фрлени во водите на езерото Треска и реката Вардар, за „скопски плажи“ на кои беше забрането капење!

Да повторам – Град Скопје фрли во вода над милион и 100 илјади евра за „скопски плажи“ кога со градската каса располагаа Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ.

За глупостите направени во минатото, кога се даваше сопственоста на објектите на СРЦ Треска на Општина Сарај, советниците на ВМРО-ДПМНЕ молчеа, сега кога се превземаат сите потребни чекори за да се поправат некои работи и да се отпочне ревитализацијата, се леат крокодилски солзи. Толку за информираноста и за познавањето на материјата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Види помалку