Негрижата и коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во здравствениот систем и принуди реномирани странски фармацевтски компании да се повлечат од државата, обвини СДСМ.
„Во периодот меѓу 2012 и 2015, во годините на најголем режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, компании како ‘Астра зенека’, ‘Глаксо’ и дел од ‘Новартис’ се повлекоа од нашата држава поради паралелниот увоз на лекови и вакцините со сомнително потекло.
Таквиот однос трајно ги наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што СДСМ и институциите што ги предводи, со сите сили се обидува да го поправи, да ја врати довербата во македонското здравство.
Со усвојување на измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства во Собранието се создадени услови вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да почне имунизацијата на населението.
Ова немаше да биде потребно ако ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се занимава со корупција и криминал, се грижеше за интересите на граѓаните и на државата.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економски и здравствени последици од неа“, велат од владејачката партија.