Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево со мала облачност и температури до 18 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, в четврток од северозападен, а потоа од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК