Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Расчистен случајот со незаконското поминување на наплатна рампа, објавен на „Тик ток“

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +