10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

И официјално Владата одлучи: Кафе баровите и рестораните од задутре ќе работат до 21 часот, а следната недела ќе се носи одлука за работа до 23 часот

Во тек е седница на Владата.

-Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот.

Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, соопшти министерот за Здравство Венко Филипче.

Сите детали околу одлуките на владината седница очекувајте ги наскоро.

Засега е непознато дали ќе има и дополнителни олеснителни мерки во однос на рестрикциите поради коронавирусот.

Спонзорирано: