Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со добра вест: Државата ќе дели помош за пвц прозори, печки на пелети, сончеви колектори…

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Ја усвоивме Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Предвидено е да се искористат 52.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на:

✅ Сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;

✅ ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања;

✅ Печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;

✅ Фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК