Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски: Вевчанци од политички причини сакаа сензационалност, но таму не се случи ништо спектакуларно

„Ние мораме да постапуваме секаде каде што има потреба, особено сега во време на пандемија, мора да проверуваме дали се спроведуваат мерките за заштита се со цел да спречиме ширење на здравствената криза. Сега сме во фаза кога во тек е имунизацијата, а ќе започне и кај нас и тоа ни отвора уште поголема обврска. Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа. Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам да ги почитуваме мерките и на тој начин да му помогнеме на здравствениот систем и да им помогнеме на медицинските работници. Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките.“- апелираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за МТВ.

Истакна дека посветеноста на полициските службеници придонела за намален број инциденти и пријави за новогодишните празници.

„Работевме многу во делот на превенција уште пред празниците, како и за време на празниците. Задоволни сме затоа што овие празници поминаа со најмалку пријави за нарушување на редот и безбедноста. Постоеше голема опасност од големи прослави, но граѓаните беа на висина на задачата. Благодарен сум на граѓаните што ги почитуваат мерките, иако имавме санкции за поединци, но постапувањето на МВР во однос на справување со ширење на заразата се неселективни и нема место во државата, ако некој не почитувал мерки, да не сме реагирале. И очекувањата на граѓаните се такви, да работиме транспарентно и неселективно.“- изјави Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК