17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Денеска се навршуваат 101 година од раѓањето на Славко Јаневски

Денеска се навршуваат 101 година од раѓањето на Славко Јаневски, авторот на првиот роман на македонски јазик – „Село зад седумте јасени“.
Како автор на многубројни книги за деца, патеписна проза, збирки раскази, романи и поезија, Славко Јаневски го има заслуженото место во македонскиот книжевен Пантеон, напиша премиерот Зоран Заев, денеска на социјалните мрежи.

Неговото обемно и раскошно книжевно дело било посебно истражувано и потврдено од книжевната наука од аспект на јазикот, а неговите повести, романи и стихови, преведувани на англиски, германски, италијански, француски, чешки, украински, унгарски српски, хрватски и на други јазици, со што засекогаш ја потврдуваат посебноста и автентичната вредност на македонскиот јазик.

Голем дел од неговите дела се книжевни споменици на критиката на нечовечкиот лик на идеологиите и на неправдите, со кои како да ја предвиде историската неправда која му беше нанесена со лустрацијата. Заради дневно-политички манипулации, лустрацијата имаше за цел да изврши ревизија и злоупотреба на големците и основоположниците на македонската повоена литература и институционална меморија, вели Заев.