18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег ќе ја прекрие цела Македонија: Температурите паѓаат под нулата, доаѓа вистинска зима

До крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, во јужните делови проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој попладне ќе се промени во северен и на места ќе засилува. На планините ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови. Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Прогноза за 13.01.2021
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. До крајот на денот врнежите ќе бидат насекаде од снег, но ќе бидат повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Прогноза за 14.01.2021
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Променливо облачно и студено, попладне и кон крајот на денот со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.01.2021
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: -4°C до 5°C
Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува засилен ветер од северен правец.