25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Нови вработувања во Кам ДОО Скопје, CMX solutions, Декра, b watch 1920, Mellon Solutions!

Кам ДОО Скопје, CMX solutions,  Декра, b watch 1920, Mellon Solutions се само дел од комапниите кои во моментов имаат отворено нови работни места. Касиери, раководни лица во маркети, познавачи на германски јазик, асистент за човечки ресурси, IT engineer се само дел од актуелните огласи на KARIERA.mk. Во продолжение, Ве информираме подетално за компаниите и новотворените работни позиции.

 

КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 70 КАМ маркети, лоцирани во 20 градови низ Република Македонија. Поради понатамошен развој, компанијата има потреба од:
АСИСТЕНТ во ИТ сектор
РАКОВОДНИ ЛИЦА ВО МАРКЕТИ
КАСИЕРИ

ЦМХ Солушнс, компанија која на пазарот во Македонија веќе 5 години успешно работи во доменот на давање кориснички услуги продолжува да го зголемува својот тим. Во моментов, со цел проширување на нивниот тим се во потрага по:
РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАВАЧИ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

DEKRA Arbeit Group има преку 100 канцеларии во Германија. Интернационално, DEKRA Arbeit Group е присутна во Шпанија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Турција, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Во име на својот клиент, интернационална фармацевтска компанија, присутна во сите главни терапевтски области која развива, произведува и продава готови дозирани лекови, ДЕКРА ја објавува позицијата:
БРЕНД МЕНАЏЕР

 

фото Pixabay / илустрација

B watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Р. Македонија, има потреба од проширување на својот тим. Потребни  се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област. Во моментов се во потрага по:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Групацијата Мелон е водечка грчка мултинационална група на компании која нуди специјализирани решенија и услуги за задоволување на потребите на финансиските институции и други организации и чија деловна активност е насочена кон големи групи клиенти. Седиштето на Мелон Групацијата е во Атина, Грција и во моментов  има над 6.000 вработени во 12 земји. Поради проширување на својот тим се во потрага по:
IT ENGINEER

Кеитаро е компанија со отворен извор што ги поттикнува деловните субјекти, владите и заедниците во целиот свет. Во моментов имаат потреба од:
BACK-END DEVELOPERS

Групацијата HeadHunter е иновативна компанија за екипирање и регрутирање која работи во Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција и САД. За нивниот клиент, ги бараат следните позиции во Скопје:
SALES REPRESENTATIVE
РЕФЕРЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

 

ПР текст