3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Нема веќе подредени и привилегирани медиуми, ниту нарачани вести

Со промената на власта во 2017 година, и за медиумите, и за граѓаните се случи преврт во медиумскиот етер. Денес, за пробивот на вести и за привлекувањето на интересот на јавноста, на отворен етер подеднакво се борат и владата, и опозицијата, и бизнисите, и граѓанскиото општество. Нема веќе подредени и привилегирани медиуми, ниту нарачани вести, вели во интервју за „Локално.мк“ националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец.

За лажните вести во медиумите вели дека тоа е глобален проблем и со него не се справува само македонското општество туку и целиот свет.

-Владата застана одлучно да се спротиставува на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со НАТО, со Фејсбук и Гугл, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите, истакна тој.

За најавата на премиерот Заев дека ќе им се дозволи на општините и на јавните претпријатија да трошат пари во локалните и регионалните медиуми и дека тоа е лоша пракса од минатото, вели дека тука не станува збор за воспоставување на целосна доминација во медиумскиот простор, како во времето на Груевски, туку за неопходноста од реализација на кампањи од јавен интерес, согласно строго дефинирани критериуми и исклучиво според стандардите на интегритет, рационалност и неопходност.

– Неопходност е кога пред нас имаме процес на масовна вакцинација за што е потребна масовна јавна комуникација, за граѓаните да ги добијат сите информации поврзани со квалитетите и ефикасноста на вакцините, како и за начините на примање со цел заштита од КОВИД-19, посочува Забрчанец.

Во однос на тоа како Владата се справи со Ковид-кризата, вели дека таа не направила посилни и како општество, и како држава, но пред се како здравствен систем.

– Не се доведовме во состојба да нема слободен кревет за граѓаните на кои треба да им се спасува живот. Се надевам дека работите ќе одат само на подобро во пресрет на вакцинацијата, посочи Забрчанец.

Целото интервју проследете го на Локално.мк.

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска во интервју за МРТВ: Со Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

M T

Новинарката која направи интервју со талибански претставник, ја напушти земјата

M T

Рама: Ќe примиме 4.000 Авганистанци – јас сум католик, жена ми е муслиманка, а двете деца се православни

M T

Новинарка интервјуираше талибанец иако жените се повлечени од телевизиите

M T

Маричиќ за Еуроњус: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите со ЕУ

M T

Забрчанец: Прочистувањето на судството, пописот и гасификацијата, во фокусот на вниманието во 2021 година

CENTAR MKD