Утре ќе преовладува променливо облачно и натпросечно топло време со умерен до засилен јужен ветер (на места и околу 80 км/час). Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во четврток ќе се прошират на секаде, а на места ќе бидат и поројни.
На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег.
До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на Новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде се уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините слаб снег.
Прогноза за 31.12.2020
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во југоисточните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на Новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде се уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег.
Прогноза за 01.01.2021
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Наутро постудено, а преку денот претежно сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер.
Прогноза за 02.01.2021
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.