Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Деветмина полицајци повредени во сообраќајка

Деветмина полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчераутро во близина на с. Белановце, Кумановско, кога полициското комбе, во кое се превезувале полицајците, се судрило со автомобил „фолксваген пасат“, јавува Слободен печат.

По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК