14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Опозицијата да преземе одговорност пред сопствениот народ и да престане да шири страв, паника и лаги

„Имаме заедничка, голема обврска и одговорност да се спротивставиме на дезинформациите и да ги спречиме штетите кои ги нанесуваат лажните вести. Затоа еден од нашите приоритети во „Акција21 – Европски стандарди дома“ е Стоп за дезинформациите“, пишува премиерот Зоран Заев.

„За жал, сериозен дел од амбиентот на фалично информирање се политичките изјави од најголемата опозициска партија кои сѐ почесто се демантирани од држави и влади од ЕУ и од демократскиот свет. Ваквото однесување на опозицијата и на кој било друг извор на дезинформирање е штетно за македонските граѓани и опасно за државата. Затоа, ги повикувам дезинформаторите да преземат одговорност пред сопствениот народ и да престанат да шират страв, паника и лаги!

Како општество мораме да создаваме механизми на заштита од пандемијата на лажни вести и дезинформации, особено во овие месеци кога се шират невистини за вакцините и пандемијата од КОВИД-19. Токму затоа, се залагаме за воведување медиумска писменост како дел од наставата, со цел да им помогнеме на младите да бидат отпорни на лажни вести и дезинформации“, додава тој.

Можеби ќе ве интересира

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +

Утре и за време на викендот сончево време

C +