Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Драстична промена на времето – УХМР најавува врнежи од снег на повисоките населени места

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус нула до 4, а дневната од 7 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со значителна ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне 9 степени.

И во четврток ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000м, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.

Можеби ќе ве интересира

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК