25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Внимавајте: Измамници кои се претставуваат како Македонска пошта нудат ајфон за 65 денари, ова е измама – официјално реагираше и Пошта

Внимавајте. Денеска на социјалните мрежи може да се забележи лажна фан страна која го искористува името на Пошта на Северна Македонија, а тврди дека нуди “ајфон за 65 денари”.

Фан страната покрај тоа што се уште е активна, има и спонзорирана соддржина, а според истражувачкиот тим на Centar.mk е формирана денеска.

Никако не внесувајте ваши лични податоци или пак броеви од кредитни картички на оваа лажна фан страна која води кон линк кој не е официјален на Пошта на Северна Македонија.

Еве како изгледа рекламата:

Еве како изгледа лажната фан страница:

Со реакција се јавија и од Пошта на Северна Македонија која ја пренесуваме интегрално:

Би сакале да Ве информираме дека од неодамна А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ ја отвори својата прва официјална страна на социјалната мрежа Фејсбук. Ова е единствена официјална страна на Пошта која е достапна на следниот линк: https://www.facebook.com/postamkd

Секое друго неовластено претставување и застапување во име на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи претставува класична злоупотреба и предмет на кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас веќе се документираат и доставуваат до МВР на понатамошно постапување.

А.Д. Пошта на Северна Македонија во моментов не организира никакви наградни игри, ниту побарува било какви лични податоци од граѓаните на социјалните мрежи. Ве повикуваме да го пријавувате секој ваков неовластен обид за злоупотреба до нас или директно до Министерството за внатрешни работи.