Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

УХМР издаде метеопредупредување: Какво време не’ очекува?

Денес под влијание на циклонска активност во Медитеранот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, особено во западните и југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м2.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, најизразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Утре повремени врнежи ќе има претежно во источните делови, а на места ќе бидат и поројни. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +