Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен полицаец- фалсификатор од Скопје, заработи и кривична

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода полицискиот службеник М.С. поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378, „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 и „давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик. Имено, откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано.

По документирање на случајот до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност

Можеби ќе ве интересира

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки, во нивно време се уништи Еуростандард која давала кредити без покритие на струмички фирми

ДЕСК

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци

ДЕСК