Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Замрзнат дожд и снег на планините – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Преку ноќта од запад ќе започнат врнежи од дожд. Утре ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2) , а на повисоките планини од снег.

Од вечерните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 10.12.2020
Минимална температура: 3°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.12.2020
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Променливо облачно. Доцна попладне од запад ќе се прошират врнежи од дожд, кои ќе се задржат и во вечерните и ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 12.12.2020
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 12°C
Променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +