2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Олбрајт: Трагедија е тоа што Бугарија, поради домашни причини, ја блокира Северна Македонија

Мислам дека е целосна трагедија тоа што после долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, поради домашни причини, истакнаа такви барања за Северна Македонија, и затоа треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ, изјави Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД, јави ТВ21.

На денешното сослушување пред Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Олбрајт одговараше на прашања од конгресмени за американската политика на Балканот.

На прашање од конгресемнот Грегори Микс, демократ од Њујорк, како новата Администрација на Џо Бајден и Камала Харис треба да работи со Брисел за земјите аспиранти во ЕУ да не останат во чекалната поради своите соседи, а со оглед на блокадата што Бугарија ја постави за Северна Македонија поради прашања за нацијата и јазикот, таа рече дека новата Администрација треба да работи на тоа прашање.

-Фактот дека Грците успееја да дојдат до договор, а на ова се потроши толку многу време и се работеше толку напорно, мислам дека е трагедија, и тоа севкупна, тоа што Бугарите, заради домашни причини, го истакнуваат сега ова, изјави Олбрајт.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +