Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Градоначалниците на Гостивар и Битола позитивни на Ковид 19

Градоначалниците на Гостивар и Битола преку своите Фејбук профили ја информираа јавноста дека се позитивни на ковид 19

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари информираше дека е позитивен на Ковид 19.

„Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarasCov-2.Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам … со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ќе бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè.Чувајте се!“ напиша Таравари во својата објава на фејсбук.

Воедно неколку часа пред Таравари битолската градоначалничка Наташа Петровска соопшти дека е позитивна на Ковид 19.

„Почитувани, по резултатите од денешниот направен тест се утврди дека сум позитивна од COVID 19.Следните денови согласно препораките останувам во изолација.Бидете во добро здравје!“, напиша Петровска во фејсбук статусот.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК