17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дожд и засилен ветер – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

Прогноза за 03.12.2020
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 04.12.2020
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 05.12.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд и со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.