13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Караџовски: Високата стапка на смртност од Ковид-19 кај нас е неспорен факт, но тоа не е по вина на докторите

Факт е дека имаме голем број на жртви од ковид 19. На почетокот на пандемијата сите лица кои починаа од било каква друга опција ние посмртно ги ставаме во Ковид, вели проф. д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, во интервјуто за телевизискиот магазин „25 минути“ на Телевизија 24.

Тој вели дека факт е дека бројот на починати лица е голем и дека дел од нив веќе се задоцнето донесени во болниците, а и дел умираат на пат кон болница во брзата помош, сепаквели дека тоа не е до докторите и здравствениот систем.

„Дел од пациентите доаѓаат доцна во болница, а дел починуваат во други услови, но, тоа не е до докторите. Голем дел од нив доаѓаат со ниска сатурација. Немој да мислите дека нашето здравство е толку лошо за разлика од останатиот дел од светот ,неспорно едека има голем број на починати меѓутоа тоа ќе се анализира кога ќе заврши епидемијата, објасни д-р Караџовски.

Спонзорирано: