Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев за заменик-градоначалникот на Скопје: Загубивме еден од највлијателните стопанственици

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук се прости со заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи кој почина изутрината поради компликации со вирусот Ковид-19.

-Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во земјата – „Гемак трејд“. Со загубата на Енвер Малиќи, загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици и угледен член на бизнис заедницата. Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици, кој со својата самопрегорна работа водеше успешни деловни потфати и надвор од границите на нашата земја, напиша Заев.

Тој до семејството на Малиќи испрати сочувство од негово и името на Владата.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА РАСТЕ – До 13 часот гласале 4.518 граѓани, ДИК со нови податоци

ДЕСК

Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

ДЕСК

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК