5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски порача „Јас ја предводам македонската хистерија“, а според македонскиот речник “хистерија” значи вид на нервно растројство

Откако на денешниот протест пред Владата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори изјавите дека „Зоран Заев подготвува национален пораз“ и дека е „изолиран од тесна клика на платеници и клиентилисти“, тој упати остри пораки до бугарските политичари Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, тврдејќи дека тие во македонскиот премиер нашле „квислинг“ и дека ја имаат „последната шанса“ да му се извинат на македонскиот народ.

„Наместо да велите дека Мицкоски предводи антибугарска хистерија во Република Македонија, најдобро би било да дојдете овде при првата посета недалеку од зградата на Владата, пред оној споменик на паднатите борци од Народноослободителната борба, да клекнете, да го следите примерот на Вили Брант и да се извините на овој народ за тоа што сте му го направиле, ова е вашата последна шанса. А јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предводам македонска хистерија и нема да престанам да ја ширам таа македонска хистерија“.

Христијан Мицкоски упати порака и до меѓународната зедница, барајќи од неа да не дозволи „некои политичари од земја-членка, наместо политика на иднина, да шират политики од среден век, ревизионистички политики, хегемонски политики на големи држави и нации. Немојте да дозволите да се погазат политиките на Де Гаспери, Аденауер и Шуман, ајде да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за почист воздух, ајде да зборуваме и да му помогнеме на овој народ, да ѝ помогнеме на Македонија еден ден да седне со вас на маса во европското семејство, во обединета Европа и да зборуваме за квалитетно образование. Дозволете му на овој народ на отпочне преговори со Европската унија, а овој народ ќе ви врати со сето срце и знаење кое го има, и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во Европската унија“.

Тој исто така ги повика припадниците на сите други етнички заедници во државата да ѝ помогнат на Македонија. „Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет. Да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот“, рече Христијан Мицкоски.

 

Дигитален речник на македонскиот јазик – Хистерија = нервно растројство

Според Македонскиот дигитален речник зборот хистерија е медицинска именка, која е синоним за нервно растројство.

извор: makedonski.info

СДСМ: Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, ние не сме хистеричен народ, тоа важи само за Мицкоски

Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, ние не сме хистеричен народ, тоа важи само за Мицкоски

Хистерија по сите дефиниции е карактеристика на нервно растројство.

Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ.

Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски.

Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде има се помалку негови поддржувачи.

Најавите за некакви блокади на државата не се ништо ново, тоа е единствената желба на губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.

Но нема да успее очајниот Мицкоски. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет.

Мицкоски, граѓаните често те прашуваат зошто си толку деструктивен по државните и национални интереси а ти не знаеш што да одговориш. Одговорот е едноставен: Ти самиот не знаеш и не можеш да понудиш ништо, затоа што немаш став.

Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега си во опозиција, велат од СДСМ.