19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на митингот повика да зборуваме за почист воздух, а протестираше со автомобили во месеци кога воздухот е најзагаден

Христијан Мицкоски упати порака и до меѓународната зедница, барајќи од неа да не дозволи „некои политичари од земја-членка, наместо политика на иднина, да шират политики од среден век, ревизионистички политики, хегемонски политики на големи држави и нации.

Немојте да дозволите да се погазат политиките на Де Гаспери, Аденауер и Шуман, ајде да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за почист воздух, ајде да зборуваме и да му помогнеме на овој народ, да ѝ помогнеме на Македонија еден ден да седне со вас на маса во европското семејство, во обединета Европа и да зборуваме за квалитетно образование. Дозволете му на овој народ на отпочне преговори со Европската унија, а овој народ ќе ви врати со сето срце и знаење кое го има, и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во Европската унија“, рече Мицкоски, кој и самиот протестираше со автомобили и го блокираше Скопје во месеците кога секоја година загадувањето е многу големо.