6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСТАВМАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: Знае ли Бранко, очигледно жив и преку ден, кој е и каков е обичниот Македонец?

Фејсбук статус на аналитичарот Ненад Јовановиќ:

Знае ли Бранко, очигледно жив и преку ден, кој е и каков е обичниот Македонец? Како живее. Какви се неговите убедувања. Колкава е неговата енергија. Има ли надеж. Има ли пари. Знае ли Бранко каков е обичниот Македонец пред жената и децата. Знае ли Бранко колкав му е рокот на траење.

Таквиот македонец бара начин да го соедини бесот со другиот. Таквиот македонец бара општество на омраза. Луда и злобна Македонија, но не кон Бугарите, туку кон внатре, во земјата и кон своите. Не адаптирани на промена, незаштитени пред бедата, очајни пред опасностите, без кондиција во граѓанството.

Се јави Бранко за овој политички вакум да трае. Се јави Бранко за да продолжи кампањата на омраза, страв и насилство; Бранко се јави затоа што го мрази Заев со силина на ракета!

Ова е време кога се одлучува дали “тајната Македонија”, мрачниот свет на контролори и џелати ќе ја преземат “јавната Македонија” во своите раце. Тајниот свет сака Заев да го нема, спремни се да му пуштат – само ако треба – повторно крв. Политиката на Заев ја сметаат аматерска. Тие сакаат тајно да ја контролираат Македонија; вака мислат, “Заев има легитимитет и моќ, а ние имаме сила”. Или во превод: на бранковци им одговара апатија и насочен/усмерен гнев. Тој е животниот влог на Героски, Милчин, Мицкоски, Камчев и слични ментори.

Бранко,
избега од бомбите како ѓавол од крст; без конечна борба сакаше да го добиеш Груевски. Многу јак антифашизам покажа, секоја ти чест! Е, гледаш, Бранко, Заев е нешто спротивно од тебе, а двајцата сте ваги во хороскоп! Заев произведува струја со која може да светне цела држава, а ти, Бранко, може да светнеш само една ламбичка на новогодишна елка.

Заев, Бранко, ја научи политиката која вели дека таа професија единствено нешто што бележи се победите.

Ти, Бранко, во овие седум години стана фен без гајтан, се претвори во хедониста, наместо борба и победи, те интересираат уметнички впечатоци. Јебеш такви впечатоци, Бране. Победи, решенија и резултати се бараат!

Бране, политиката е проклета работа, ден-и-ноќ грижа за обични луѓе. Ти, реално, не си за така “ниски работи” создаден. Ти, Бране, створен си за патријарх! За тебе треба да се направи Комисија за уметнички впечатоци. Оскар да ти се даде за поза, гест и ораторство. Ако мене не ми веруваш, прашај ги твоите ментори.

Заев е денес нашата надеж! Можеби последна, но сепак е надеж. Не не’ лаже, искрен е, не сака да владее, сака да ја менува Македонија! Нарачај истражување, Бранко, ќе видиш за што ти зборувам.

Заев денес има поддршка од САД и сите важни Европски земји, а ти се возиш на уметнички впечатоци. Башка немаш резултат. Единствено нешто што имаш е себе, а себе воопшто не се слушаш!

Македонија денес со Заев можеби ја има последната шанса да биде дел од демократска и просперитетна Европа, само без твојата политичка трагедија.

Каде беше, Бранко, сите овие години?! Зошто молчеше? Ти се гадат ли Македонците? Ние ли ти се гадиме, многу ли сме ти багра, Бранко?
Остани замрзнат, Бране, тоа е најдоброто што го правиш. И чувај уметнички впечатоци.

Ние со Зоран имаме шанса, можеби е последна, ама сепак е шанса!

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Николовски: СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја

CENTAR MKD