23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Издиша хистеријата на антиевропското ДПМНЕ, граѓаните му покажаа на Мицкоски дека сакаат иднина

Целосно издиша хистеријата заснована на лаги и невистини што ја ширеше антиевропското ДПМНЕ, велат од СДСМ.

– Едвај 200 членови го поддржаа губитникот Мицкоски.

Граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ.

Не му помогна ниту поддршката од неговата вазалска партија Левица, a јавноста вечерва сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство.

Граѓаните добро го знаат игнорантскиот, срамниот однос на ДПМНЕ кон НОБ, АСНОМ и македонските партизани.

ДПМНЕ е партијата која целата своја идеологија ја изгради на погазување на НОБ, на борците, партизаните, на бришење и менување на имиња на улици, булевари и установи именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, партија која создаде Музеј на жртвите на комунизмот.

Само во Скопје, беа избиршани и преименувани, улицата Стив Наумов, „Мост на револуцијата“, „29 ноември“ и многу други, па дури и пораката на Тито за солидарност од Железничката станица.

Ете тоа е ДПМНЕ.

Мицкоски и неговите приврзаници можат да блокираат колку сакаат, граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата.

Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција, велат од СДСМ.