17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вашето мислење е важно! Земете учество во кратката граѓанска анкета за безбедно управување со хемиски супстанции во Европа „Хуман биомониторинг во Европа“

Вашето мислење е важно! Земете учество во кратката граѓанска анкета за безбедно управување со хемиски супстанции во Европа „Хуман биомониторинг во Европа“.

Секојдневно сме изложени на хемиски супстанции кои имаат широка употреба, меѓу другото присутни се и во храната како и крајните производи за потрошувачите. Хуман (човечки) биомониторинг е метод кој овозможува мерење на раните биолошки ефекти во телото, предизвикани од внесените хемиски супстанции. Добиените резултати се корисни во намалување на изложеноста и унапредување на јавното здравје. Европската програма за хуман биомониторинг (HBM4EU, www.hbm4eu.eu), заеднички проект на 30 земји, со Европската Агенција за животна средина и Европската комисија, спроведува истражување за европските граѓани на полето хуман биомониторинг. Целта на HBM4EU е да се обезбеди креирање политики во Европа и на национално ниво, врз база на научни резултати за изложеноста на граѓаните на хемиски загадувачи и можните ефекти врз здравјето. Истражувањето е координирано од Европската агенција за животна средина; a во Република Северна Македонија ќе биде спроведено од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Бидејќи изложеноста на хемиски супстанции е нешто што нè загрижува , би сакале да разбереме што знаат и како мислат граѓаните на ЕУ за хуман биомониторинг, како и кои се нивните потреби, грижи и прашања во врска со оваа тема.

Затоа, би сакале да ве поканиме да одговорите на овој краток прашалник, што ќе ви одземе приближно 15 минути. Одговарајќи на следниве прашања, ќе ни помогнете подобро да одговориме на потребите на европските граѓани.
Информациите, кои ќе се соберат, ќе бидат анонимни и ќе бидат третирани доверливо според барањата на Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) . Анонимните податоци ќе бидат обработени од истражувачките партнери на HBM4EU, а резултатите од истражувањето ќе бидат објавени на Интернет страната https://www.hbm4eu.eu/result/.

Ако одлучите да престанете да учествувате, можете да изберете да го сторите тоа во кое било време, без какви било последици.

За да учествувате во анкетата Кликнете на овој линк.