Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Големо апсење на нарко дилери во центарот на Скопје, запленета дрога

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Дебар и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога разби група нарко дилери и заплени марихуана. Околу 11.45 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје запрено е возило „џип“ со скопски регистерски таблички, управувано од В.М. (34) од Скопје, а како сопатник бил М.Г. (29) од Скопје и при извршениот преглед се пронајдени 3,5 килограми марихуана.

Од преземените дополнителни мерки и активности утврдено е дека организатор на нелегалната продажба е А.М. (27) од Дебар, кој заедно со Ф. П. (29) од Скопје договарале купопродажба на дрогата на паркинг на бул Кочо Рацин. Во 12 часот во близина на транспортниот центар во Скопје приведен е А.М. и при извршен преглед кај него пронајдени се 70.500 денари и 1800 евра кои ги добил за продажбата на дрогата. Во 12.10 часот на паркинг на бул Кочо Рацин приведен е Ф.П..

Во истрагата се обезбедени докази за инволвираност во кривичното дело и за уште две лица: Р.А. (35) и П.Ѓ. (32). По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Можеби ќе ве интересира

Исчезна 57 годишен охриѓанец

ДЕСК

Мојсоска: Власта место да смислува изговори да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

ДЕСК

Утре ВМРО ДПМНЕ одлучува дали ќе го поддржи Христијан Мицкоски како единствен кандидат за претседател на партијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.