Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Магла и студ – метеоролозите соопштија какво ќе биде времето деновиве

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Наутро студено и понекаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.

За време на викендот ќе настапи промена на времето.

Прогноза за 26.11.2020
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Прогноза за 27.11.2020
Минимална температура: -9°C до -3°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Прогноза за 28.11.2020
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста ќе се зголемува.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК