Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНУВАЛЕ ПАРИ ОД СМЕТКА: Тетовка случајот го пријавила во полиција

На 18.06.2026 во 14:00 часот во СВР Тетово, 50-годишна жена од Тетово пријавила злоупотреба на нејзината дебитна платежна картичка. Според пријавеното, во текот на мај 2026 година, преку апликација за мобилно банкарство забележала недостиг на парични средства на нејзината трансакциска сметка, но поради подолго боледување не била во можност веднаш да го провери случајот во банка.

На 17.06.2026, откако подигнала банкарски извештај, констатирала дека во периодот од 23.05.2025 до 12.05.2026 биле извршени повеќе неовластени трансакции со што била оштетена за сума од околу 80.273 денари.

Како што пријавила, картичката и податоците од неа никогаш не ги споделила со трети лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.