Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Цел демократски свет ја осуди Бугарија, само ВМРО-ДПМНЕ се радува

Одлуката за неодобрување на преговарачката рамка од страна на Бугарија, наиде на осуда и несогласување од целата Европска Унија, од целиот демократски свет, но таквата постапка на Бугарија, наиде на радост, на славје и еуфорија во ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Доколку има барем малку одговорност за интересите на граѓаните во белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да се радуваат на тешките моменти во кои се наоѓа државата. Ова е момент кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на обичните партиски пресметки“, порача Костадинов.

Како што рече тој, ако не сакаат и не можат да помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ барем не треба да одмагаат.

„На им успеаја блокадите да се врати демократијата и слободата во нашата држава. Не им успеаја очајните обиди со блокади и деструкција да го загрозат пристапувањето во НАТО. Нема да им успеат ниту овие обиди, заради ситен партиски профит, да ја оддалечат државата од интеграција во ЕУ“, посочи портпаролот на владејачката партија.

Воедно порача дека Владата во духот на дијалогот и силата на аргументите ќе продолжи да бара решение за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК