Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Можам да разберам зошто Заев повеќе сака средби со Бојко од лидерска средба дома, тој има концесии јас немам

Зоран Заев повеќе сакал да се види со премиерот на Владата на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус со заштитени национални и државни интереси, а потоа да настапиме со аргументи во разговорите за клучните прашања со соседна Бугарија, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија. Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се сложам на асимилација на македонскиот народ.

Зоран Заев не сака лидерска средба затоа што пред Владата изнесов јасен и прецизен став за неменување на Уставот, за посебноста на јазикот, идентитетот и правата на македонското малцинство. Заев не го слушнавме тоа да го направи.
И конечно, проектот СДСМ и Зоран Заев заврши!

п.с. Да потсетам, во време кога поради неспособната влада имаме 30 до 40 починати дневно од Корона, истата таа власт на Заев распиша избори во Штип и Пласница каде самата, како во Северна Кореја, ќе си гласа градоначалници.

Нека им е со среќа, но ниту еден загубен човечки живот не е помалку вреден од политичката кариера на Зоран Заев“ додаде Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +