10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бајден пријателот на Македонија се поблиску до претседателската функција – “Ве уверувам дека јас лично ќе се застапувам за вашите политики и посветеност за подобра иднина”

Џо Бајден, демократскиот кандидат на овогодинешните Претседателски избори во САД е се’ поизвесен победник.

Бајден кој важи за пријател на Македонија и поддржувач на демократските процеси во земјава, уште лани на 18 февруари упати писмо до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во кое, Бајден истакнува дека му претставувало чест што се сретнал со премиерот Заев на Конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања.

„Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека договорот е сериозен позитивен развој и за европската интеграција и единство. Како што реков на разговорот во Минхен, успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа, и тоа е добро за сите“, пишуваше во писмото поранешниот потпретседател на САД, Бајден.

Поранешниот потпретседател на САД Бајден уште напишал дека со нетрпение го очекува денот кога Република Северна Македонија ќе биде пречекана како полноправна членка на НАТО, што всушност оваа година и се оствари.

„Вашата визија ги постави темелите на безбедноста и сигурноста и Вашето лидерство како Претседател на Владата од граѓаните на Северна Македонија ќе биде запаметено по историското достигнување“, нагласи во февруари 2019-тата во своето писмо до премиерот Заев, Џо Бајден.

Бајден во писмото ја покажува увереноста дека пријателството меѓу двата народи во годините пред нас ќе биде сѐ посилно.

„Ве уверувам дека јас лично ќе се застапувам за вашите политики и посветеност за подобра иднина“, напишал Бајден до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Џо Бајден е фаворит и се поблиску до победата на Претседателските избори во САД.

Според познатиот американски медиум Фокс Њуз, Бајден досега освоил 264 електорски гласови, а му фалат уште шест за да ја оконча победата. Актуелниот претседател Доналд Трамп во моментов располага со 214 електорски гласови, според проекцијата на Фоксњуз.

Неизвесноста во САД веќе втор ден трае, а во скоро време се очекува резултатите да бидат и официјализирани.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

(Фотогалерија) Заев: Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација!

CENTAR MKD

Премиерот Заев прими претставници на новоформираната Регионална боксерска лига: Спортот е најдобра афирмација на земјата, развојот на македонскиот бокс во нагорна линија

M T

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

M T

Заев од Брисел: Португалскиот предлог нуди решение, Бугарија и ЕУ да ги исполнат очекувањта на граѓаните

CENTAR MKD

Заев од Брисел: Ќе одам и во Софија, ги користам сите дипломатски канали

CENTAR MKD

Заев: СДСМ е фаворит на локалните избори

CENTAR MKD