Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Цела Европа ја тресе коронавирус, само Мицкоски се радува

„Во време кога есенскиот бран на пандемијата со коронавирусот ја тресе цела Европа, а сите напори се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните, само губитникот Христијан Мицкоски се радува и се обидува да спечали евтини политички поени за да си ја спаси фотелјата во белиот дворец“, соопшти СДСМ.

Според партијата, додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го и нивното и јавното здравје.

„Наместо да организира ‘протести’, на кои и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи предизборното ветување и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формираше Влада. Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему, ниту на нереформираната ВМРО-ДПМНЕ, кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал, да прават опструкции и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните. Граѓаните знаат дека СДСМ и Владата што ја предводи стојат на нивна страна и помагаат кога е најтешко и затоа на Мицкоски му дадоа црвен картон на три последователни изборни циклуси, затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК