Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Со искрено жалење ја примив веста за смртта на истакнатиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент, Данчо Чеврески

Со искрено жалење ја примив веста за смртта на истакнатиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент, Данчо Чеврески, чии уметнички остварувања оставија важен и траен белег во театарот и македонската кинематографија, соопшти премиерот Зоран Заев во свој фејсбук статус кој во продолжение го пренесуваме интегрално:

Данчо, ќе остане запаметен по својата богата и плодна филмска и театарска кариера, за која говорат и многубројните награди, а како последен сведок е и минатогодишната „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на телевизијата.

Своето големото наследство од знаење тој со страст им го пренесуваше на своите студенти од Факултетот за драмски уметности, и ревносно и со љубов ги внесуваше во тајните на актерската игра пред камерите.

Од свое лично име, и од име на членовите на Владата, до семејството Чеврески и до сите негови блиски и пријатели, упатувам изрази на длабоко сочувство за нивната загуба во знак на сеќавање и вечен спомен на Данчо, вели Заев.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК