22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ повикува на собир против цената на струјата пред Регулаторната комисија за енергетика

ВМРО-ДПМНЕ повикува на собир против покачената цена на струја утре пред Регулаторната комисија за енергетика, пола милион граѓани кои живеат со 130 денари дневно плаќаат поскапа струја.

„Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ и Заев граѓаните од ден на ден живеат се посиромашно. Поради неспобноста на оваа влада да се справи со пандемијата од месец март до денес над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и се оставени без никакви примања. Во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, а власта предводена од Заев нема слух за ова“, соопшти партијата.

Според нив, во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра и без никаков срам СДСМ се осмели да покачи даноци и давачки на граѓаните, односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.

„Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани утре 31.10.2020 пред Регулаторна комисија за енергетика во 12:30 на собир на кој ќе се изрази револтот и порака за крај на сите овие погубни политики на СДСМ“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

47 полициски службеници се повредени во протестот на подрачјето на СВР Скопје

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T