Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Значителен пад на температурите, ветер и дожд – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Утре ќе преовладува облачно и магливо време, а во четврток ќе биде посончево. Во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава.

Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Прогноза за 29.10.2020
Минимална температура: 3°C до 12°C
Максимална температура: 17°С до 24°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла по одделни котлини.

Прогноза за 30.10.2020
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 21°C
Променливо облачно, во северните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 31.10.2020
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Променливо облачно. Во северните и североисточните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК