Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Државата ќе дели К-15 на вработените во државните органи

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ) предводена од претседателот Пецо Грујовски и генералниот секретар Трпе Деановски.

Од Владата соопштија дека е договорено во буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди и исплата на регрес за годишен одмор согласно потпишаниот Грански колективен договор, односно за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

„На средбата со претставниците на Синдикатот на УПОЗ е разговарано дека Владата на Република Северна Македонија ќе даде насока исплатата на регресот за годишен одмор да се одвива во месеците јули, август и септември 2021 година, односно веднаш по исполнувањето на условот вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот“, соопштија од Владата.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК