Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Официјално: МВР со детали за тоа како бил уапсен полицаецот кој барал мито

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција денеска (28.10.2020) околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357 , примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ.

И.С.од правно лице од Куманово пбарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери.

Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности.

Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК