„Договорот со Бугарија е причина да не се бараат понатамошни условувања. Идентитетските прашања, со Преспанскиот договор, требаше да се затворат со правото на јазик, на самоопредлување, за да можеме да ја прифатиме географската одредница. Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија одат во наша полза и не заштитуваат од големиот притисок неразумни барања. Верувам во ЕУ, на државите во ЕУ, особено на Германија која се залага и на која приоритет и се почетокот на преговорите со Северна Македонија. Идејата беше историјата да се тргне од политичарите, но многу се политизира работата на стручните комисии кои дебатираат за историјата.“- изјави Бојан Маричиќ, министер за правда, во емисијата „Анализа“ на ТВ 24.
Министерот објасни дека, иако се појавуваат пречки, сепак Договорот со Бугарија ја однел нашата држава до почетокот на преговори со ЕУ.
„Односите со соседите се нодминлив дел од процесот на интеграциите. Ние да го немавме договорот со Бугарија немаше да дојде на дневен ред дали од декември ги започнуваме преговрите со ЕУ. Ние сега зборуваме за преговарачката рамка. Јас не одбивам дека имаме проблем, но дали е добро дека имаме договор, велам дека е добро. На наша страна се аргументите, но тоа сепак не значи дека нема да се соочиме со ѕид освен ако самите не влеземе во преговори и надминување на ситуацијата Зошто ВМРО ДПМНЕ не учевствуваше во процесот на помирување со Бугарија. Ние потпишавме договор со кој моќеме да го користиме и уставното име на државата, но и македонскиот јазик. Ние не можеме да се откажеме од тоа што сме биле, можеме да зборуваме за заеднички личности и настани од историјата, но за другото не.“- категоичен беше министерот Маричиќ.