Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: На Стразбур ќе му одговориме навремено за тужбите со аболицијата на Иванов

„Не можам да го коментирам случајот, се уште сме во првата фаза и затоа е рано, течат рокови, правиме анализи и пред да истече рокот ќе излеземе со став. Ова е комплексен случај, има многу аспекти, ни треба сеопфатна анализа, но очекувам да имаме соодветен одговор од наша страна. Владата има рок да се изјасни дали ќе се оди на некаква спогодба и ќе повторам дека се уште немаме став, за нас е важно да се почитува принципот на владеење на правото. Можам само да гарантирам дека ќе ги почитуваме роковите и ќе дадеме свое видување.“- коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во „Анализа“ на ТВ 24 одговарајќи на прашањето во врска со тужбите поднесени во Стразбур, а кои се однесуваат на спорната аболиција потпишана од Ѓорѓе Иванов за многу вмровски функционери осомничени за криминал.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +