Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ЦЈЗ ги бара контактите на Амди Бајрам – роднините не сакаат да соработуваат

Починатиот Амди Бајрам е влезен во денешната Ковид статисатика, откако вчера попладне неговиот постмортем тест покажа дека е позитивен на корона вирусот. Информацијата за Сител ја потврдија од Институтот за јавно здравје и со тоа се отвора можноста за изолирање на сите контакти кои непосредно пред смртта биле со поранешниот пратеник, но и сите оние кои присуствуваа на свадбата на внуката на Бајрам во Турција.

Епидемиолозите се жалат дека роднини не сакале да соработуваат, но и да ги кажат лицата кои биле на свадбената церемнонија, информира Сител.

Министерството за здравство вчера изрази сочувтсво до семејството и апелираше, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Отаму побараа да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК