12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Александра Антевска: Пуштен во употреба вториот памптрак полигон, вложуваме во вело-културата во Град Скопје

Град Скопје предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов посветено вложува во промоцијата на вело-културата во нашиот град, што го прави градот урбано и модерно место за живеење. Во таа насока е пуштањето во употреба на вториот памптрак полигион во Скопје кој е сместен овде во Градскиот парк, изјави, Александра Антевска, советничка во Советот на Град Скопје

– Имено, полигонот зафаќа површина од над 700 метри квадратни и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти, а овој простор ќе биде со соодветно осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода.

Исто така, целосно беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина на овој памптрак полигон со цел поголема пристапност за посетителите на Градскиот парк, рече Антевска.

– Градот ја исполнува својата визија за подигнување на квалитетот на живот за граѓаните преку збогатување на содржините од овој тип, достапни посебно за помладите генерации, преку инвестирање во инфраструктурата, во животната средина и преку модернизирање на транспортот.

Градиме по план, вложуваме во подобрување на урбаниот живот во градот за да биде уште подобро, додаде Александра Антевска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T