Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зекири: Собранието мора да биде функционално заради граѓаните, онлајн треба да работи

Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири при гостувањето во емсијата „Анализа“ на ТВ24 нагласи дека никој не сака онлајн седници на собранието, но гледаме со што се соочуваме, ние организиравме избори за да имаме функционални институции во државата.

Собранието мора да биде функционално, треба да им се овозможи на пратениците што се во изолација да ги следат седниците, да не се доведеме во ситуација да прогласуваме вонредна состојба, порача Зекири.

Тој додаде дека Уставот не го спречува ова, треба да се смени Деловникот на Собранието, за онлјан да ги следат седниците пратениците што се во изолација.

Во Собранието мора да се носат законите да не дојдеме во вакуум ситуација, истакна Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК