Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Бизнис

Среде коронавирус криза платите во август биле повисоки за речиси 10 отсто во однос со 2019-та

фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август 2020 година, изнесува 27.535 денари, додека во бруто износ е 41.070 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во август, во однос на истиот период лани, е зголемена за 9,6%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (16,9%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (13,2%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (18,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (9%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,7%).

Можеби ќе ве интересира

Кратки нозе: Куповната моќ се мери кога платите се споредуваат со потрошувачката кошничка, а не со вкупно купен бензин и плин

M T

СДСМ: Економските параметри потврдуваат дека македонската економија е стабилна и развојна, платите растат во сите сектори

M T

Објавени нови бројки за платата во Германија: Некои професии имаат неверојатна заработка

M T